Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се соочува со жестока казна од УЕФА која официјално покрена дисциплинска постапка против него за коментарите на сметка на судии по мечот меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
„Ова е срамота. Ќе постават четворица кои не се разбираат во фудбал и кои се гледаат само на видео снимки. Невозможно! Како човек да ги стави рацете ако е свртен со грбот? Е.ете се!“ – напиша Нејмар веднаш по крајот на дуелот.
Но, и покрај коментарите, Нејмар се обвинува и поради наводен обид за пресметка со судијата Дамир Скомина во подтрибинскиот простор на стадионот во Париз.
Евентуалните санкции за Нејмар би се однесувале за следната сезона, затоа што ПСЖ веќе испадна од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА