Едер Милитао е првото засилување на Зинедин Зидан по враќањето на францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид, откако „кралевите“ денеска го официјализираа трансферот на дефанзивецот на Порто. Двата клуба веќе извесно време преговараа за ангажманот на Бразилецот, за конечно португалскиот клуб да ја прифати понудата од 50 милиони евра на шпанскиот гигант.
„Реал Мадрид и Порто го договорија трансферот на фудбалерот Едер Милитао. Тој ќе биде дел од нашиот клуб во следните шест сезони, до 30 јуни 2025 година“ – се вели во клупското соопштение на Реал Мадрид.
Милитао имаше клаузула да потпише со нов клуб за 50 милиони евра до 15 јули, во спротивно клаузулата ќе пораснеше на 75 милиони евра. Бразилецот ќе биде големо засилување за дефанзивната линија на Реал Мадрид, а со неговиот трансфер се отвора можноста за заминување на Рафаел Варан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА