Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до лесна победа од 93-77 против босански Спарс во последниот натпревар од регуларниот дел во АБА 2 лигата.
Гостите од Сараево во Скопје допатуваа со десеткуван состав со оглед на тоа што дуелот немаше апсолутно никакво резултатско значење. Па во желбата да ги зачуваат силите повторно за натпреварот со МЗТ Скопје но во полуфиналето од плеј-офот, кое стартува во среда, се одлучија да ги одмараат најдобрите свои поединци.
Сето тоа го искористија аеродромци кои од самиот почеток наметнаа ритам за победа кој рутински го одржуваа до самиот крај.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Самарџиски со 26 поени, дополнети и со 14 скока, а Иванов запиша 19 поени плус и пет асистенции. Дејан Стојановски натпреварот го заврши со 11 поени. Во поразениот тим на Спарс се издвои Мањгафиќ со 16 поени и четири скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА