Рјоју Кобајаши е победник на натпреварувањето на 138-метарската скокалница во Трондхајм, Норвешка во рамки на скандинавската „Raw air“ турнеја од Светскиот куп.
Јапонецот до победата стигна со скоковите од 141 метар во првата и од 141,5 метар во втората серија. Второто место му припадна на Норвежанецот Андреас Стјернен, а трет беше Австриецот Штефан Крафт.
Кобајаши веќе ја осигура титулата во генералниот пласман, бидејќи на три индивидуални натпреварувања до крајот на сезоната има 600 бодови предност во однос на Штефан Крафт од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА