Реал Мадрид рутински стигна до 20-та победа во 26. коло од Евролигата, славејќи убедливо со 75-100 на гостувањето против руски Химки.
„Кралевите“ уште од почетокот на натпреварот навестија дека не планираат дозволување никакво изненадување на дуелот против Русите. По почетната израмнета игра веќе од осмата минута кошаркарите на Реал Мадрид презедоа се во свои раце, па на полувремето стигнаа и до 13 поени предност (38-51).
Во второто полувреме само рутински се одржуваше водството и разликата во однос на домаќините, за да се дојде до конечна победа од 25 поени разлика (75-100).
Реал Мадрид се израмни со ЦСКА Москва по бројот на победи во Евролигата, но има и еден пораз повеќе. На врвот е Фенербахче со 21 победа и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА