Кошаркарите на минхенски Баерн загубија на гостувањето од Жалгирис во Каунас со 85-79 во 26. коло од Евролигата.
Избраниците на Дејан Радоњиќ со овој неуспех ги намалија шансите да се најдат меѓу најдобрите осум екипи, бидејќи сега се со скор од 12 победи и 14 порази. Победничката екипа беше предводена од Григони со 18 поени, а Дејвис запиша 16 поени.
Анадолу Ефес, пак, славеше во Тел Авив со 71-79. Одличен во редовите на турската екипа беше Василије Мичиќ со 15 поени и пет асистенции, а го следеа Моерман и Ларкин со по 13 поени како и Данстон со 12 постигнати поени.
Во поразениот тим се издвоија Тарик Блек со 18 поени, додека Џони О’Брајант запиша 13 поени.
Олимпија Милано пред своите навивачи славеше против Олимпијакос со 66-57 нанесувајќи им го и 13-от пораз на Грците во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА