ЛИГА ЕВРОПА: Супер-голови во Лисабон… Бенфика по продолженија го запре Динамо Загреб

Бенфика и Славија Прага се последните патници во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако по продолженија обезбедија место меѓу најдобрите осум во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Бенфика откако во регуларниот дел се стекна со водство од 1-0 против Динамо Загреб, сосема доволно за продолженија по оние 0-1 од Загреб, во дополнителните 30 минути дојде до триумф од 3-0 за пласман во четвртфиналето, со головите на Феро во 94. минута и Грималдо во 105. минута кој постигна вистински евро-гол…



Славија, пак, во продолжението ја елиминираше Севилја победувајќи со 4-3 во повеќе од драматичен натпревар со автоголот на Кјаер во 120. минута.

Шпанците во продолженијата имаа и предност и од 2-3, но Чесите со погодокот на Ван Бурен во 102. и автоголот на Кјаер дојдоа до пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Претходно место во четвртфиналето од Лигата на Европа обезбедија и Челси, Наполи, Валенсија, Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт и Вилјареал.

Се вчитува...