Проблемот меѓу Пари Сен Жермен и Адриен Рабио доби нова димензија. „Светците“ привремено го суспендираа својот фудбалер до 27 март. ПСЖ на овој чекор се одлучи поради тоа што 23 – годишниот фудбалер по поразот од Манчестер Јунајтед во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, вечерта ја поминал во еден од ноќните клубови во Париз.
Видео клипот кој иако беше набрзо избришан од друштвените мрежи, стигнал до челниците на „парижаните“.
„Мислиме дека тоа е неприфатливо и непрофесионално однесување, кон играчите, клубот и кон навивачите“, истакна спортскиот директор Антеро Енрике.
Проблемот помеѓу „светците“ и Рабио датира од декември, кога беше исклучен од првиот тим и приклучен на вториот тим, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со клубот. За него заинтересирани се Барселона, Јувентус, како и премиерлигашите Тотенхем, Манчестер Сити и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА