Луис Енрике го објави списокот на фудбалери на „црвената фурија“ за почетокот од квалификациите за ЕП 2020, приредувајќи неколку големи изненадувања за шпанската фудбалска јавност.
Имено, селекторот направи целосен ремонт во средниот ред, каде не повика неколку играчи кои беа стандардни претходно. Иско ја плати цената поради загубениот првотимски статус во Реал Мадрид, но изненадувачки на денешниот список на Енрике не се најдоа ниту Коке и Саул Нигез од Атлетико Мадрид, како и Тијаго од Баерн Минхен.
Покрај овие отсуства, поради повреда првите натпревари на „црвената фурија“ во овие квалификации ќе ги пропуштат Карвахал, Аспас и Љоренте. Затоа шанса ќе добие напаѓачот на Хетафе, Хаиме Мата, потоа Фабијан Руиз од Наполи, а во националниот тим се враќаат Каналес, Парехо и Муниаин.
Шпанија квалификациите за ЕП 2020 ќе ги стартуваат со дуелот на домашен терен против Норвешка на 23 март, а три дена подоцна „црвената фурија“ ќе му гостува на аутсајдерот Малта.
СОСТАВ ШПАНИЈА
ГОЛМАНИ: Де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кепа (Челси), Пау Лопез (Бетис)
ОДБРАНА: Роберто (Барселона), Гомез, Навас (Севилја), Рамос (Реал Мадрид), Хермосо (Еспањол), Гаја (Валенсија), Бернат (ПСЖ), Алба (Барселона), Мартинез (Атлетик Б.)
СРЕДЕН РЕД: Бускетс (Барселона), Родриго (Атлетико Мадрид), Себалјос (Реал М.), Руиз (Наполи), Парехо (Валенсија), Каналес (Бетис).
НАПАД: Асенсио (Реал М.), Родриго (Валенсија), Мората (Атлетико М.), Муниаин (Атлетик Билбао), Мата (Хетафе).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА