Лев со подмладен тим ги започнува квалификациите за ЕВРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев го соопшти списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар против Србија, и мечот против Холандија, во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020.

По катастрофалниот настап на Светското првенство во Русија, Лев се одлучи за подмладување на репрезентацијата, во која ќе нема место за: Месут Озил, Матс Хумелс, Џером Боатенг и Томас Милер, играчите кои беа најзаслужни за успесите во минатото. Дебитанти во дресот на Германија ќе бидат Лукас Клостерман од Лајпциг и Никлас Штарк од Херта Берлин.

Интересен е фактот што за мартовските квалификациски мечеви, Лев има повикано само еден типичен напаѓач, Тимо Вернер од РБ Лајпциг.

Се вчитува...