Жозе Мурињо го критикуваше Сантијаго Солари, Аргентинецот наскоро потоа доби отказ, но „специјалниот“ не ја доби посакуваната работа во Реал Мадрид. Не е преголемо изненадување што сега на листата на критикувани од Мурињо дојде Нико Ковач, со оглед на фактот дека Хрватот се соочува со борба да остане на чело на Баерн Минхен по прераната елиминација во Лигата на шампионите од Ливерпул.
„Бев изненаден, беше тажно да се гледа овој Баерн. Ливерпул цело време напаѓаше, а Баерн се бранеше среде Минхен. Левандовски беше осамен во нападот, Хамес беше тотално загубен, неспособен за било каков пресинг или пак поврзување на линиите. Не постоеше никаков пресинг на средината, мислам дека ова е прв пат по девет години баварскиот тим да не се пласира во четврт-финалето од ЛШ“ – истакна Мурињо.
Португалецот дефинитивно е во право за голем дел од работите што ги потенцира, но како самиот да заборава како играше Манчестер Јунајтед во последните месеци од неговиот ангажман, во многу нешта слично на изданието на Баерн против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА