Англискиот премиерлигаш Челси нема лесно да се откаже од белгискиот интернационалец Еден Азар, иако напаѓачот јасно ставо до знаење дека нема ништо против да си замине од „Стемфорд бриџ“. Тој има договор до јуни 2020 година, но Челси нема да го продаде доколку за него не пристигне понуда вредна 100 милиони фунти.
Раководството на лондонските „сини“ се обидува да го убеди Азар да ја продолжи соработката, дотолку повеќе што клубот има забрана за трансфери во наредните два преодни рока. Сепак, се чини дека Белгиецот сака да замине во Реал Мадрид, каде сега повторно се врати Зинедин Зидан, неговиот фудбалски идол со кого сака да соработува во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА