Енис Барди и Леванте по голема борба останаа непоразени на гостувањето во Сан Себастијан, ремизирајќи 1-1 против екипата на Реал Сосиедад.
Борха Мајорал беше херојот на Леванте, постигнувајќи прекрасен погодок за израмнување на десетина минути пред крајот, откако Реал Сосиедад имаше водство уште од првото полувреме, со голот што го постигна Јанузај.
Барди ги одигра сите 90 минути од овој натпревар, Леванте стигна до значаен бод, но тимот на Македонецот се уште се наоѓа во слаба серија, бележејќи само една победа во последните осум кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА