Иско Аларкон беше на излезна врата од Реал Мадрид, заборавен од двајцата тренери кои продефилираа оваа сезона, Хулеп Лопетеги Сантијаго Солари. Но, враќањето на Зинедин Зидан на клупата за него може да значи и воскреснување на кариерата. Тој минатата сезона играше одлично под палката на Зидан и беше еден од главните актери во освојување на трофеите.
„Се радувам поради враќањето на Зидан. Всушност, тоа е добра вест за сите во Реал Мадрид. Сите знаеме каков фудбалер беше тој, остави траен белег во клубот, а потоа освои и се што можеше да се освои како тренер. Замина, но брзо се врати, и веднаш се чувствува неговиот дух и желбата за работа. Се надеваме дека ќе не врати на победничките патеки, затоа што оваа сезона делуваме загубено“, изјави Иско.
Реал Мадрид денеска на „Сантијаго Бернабеу“ ја пречекува Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА