Португалскиот стратег Жорге Жезуз е сериозен кандидат за нов тренер на турскиот клуб Фенербахче. Тој имал првични разговори со раководството и можно е да биде именуван многу брзо на местото на сегашниот тренер Ерсун Јанал.
Жезус би можел да биде четвртиот тренер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа сезона. Холанѓанецот Филип Коку го почна шампионатот, потоа го наследи Ервин Куман, а по само неколку кола и тој беше сменет и шанса доби Ерсун Јанал. Кај турскиот стратег, Елиф Елмас добива најмала минутажа.
Фенербахче вчера славеше над Сиваспор со 2-1 и се искачи на 13.место на табелата по очајно лошиот старт во турското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА