Лајпциг го освои Гелзенкирхен и се искачи на третото место

Фудбалерите на Лајпциг остварија значајна победа на гости против Шалке (0-1) и се искачија на третата позиција на табелата во Бундес-лигата со 49 бода, осум помалку од Баерн Минхен и од Борусија Дортмунд. Тимо Вернер беше стрелец на победничкиот гол за Лајпциг во 14.минута од средбата.

Хофенхајм освои само бод на гости против Штутгарт, играјќи 1-1, а серијата голови ја продолќи Андреј Крамариќ. Волфсбург убедливо ја совлада Фортуна Диселдорф со 5-2, а хет – трик за домашниот тим постигна Ваут Вегорст.

Резултати Германија: Аугсбург – Хановер 3-1, Шалке – Лајпциг 0-1, Штутгарт – Хофенхајм 1-1, Волфсбург – Фортуна Диселдорф 5-2.

Се вчитува...