Барса не се откажува – нова понуда за Гризман

Антоан Гризман минатото лето го разочара челниците на Барселона отфрлајќи го договорениот трансфер за да остане во Атлетико Мадрид. Сепак, каталонскиот гигант останува сериозно заинтересиран за асот на Атлетико, а според францускиот весник „Л’Екип“ преговорите се веќе стартувани.

Клаузулата во новиот договор на Гризман со мадридскиот клуб изнесува 200 милиони евра, но ако истата се активира до јуни 2019 година, се намалува на многу пореални 120 милиони евра. Барса е подготвена да ја плати оваа сума, па веќе почнала со „флерт“ со агентот на Гризман. Новиот неуспех во ЛШ е причина сега и самиот фудбалер повторно да размислува дали да остане во Атлетико или да се пресели на „Камп ноу“, во тим со кој ќе има многу поголеми шанси за освојување на трофеи.

Челниците на Барселона се убедени дека парите за трансфер на Гризман ќе ги обезбедат од продажбата на Кутињо во Премиер-лигата, со што би останале доволно средства за да обезбедат уште едно големо засилување – Де Лигт од Ајакс. Само за потсетување, каталонскиот гигант веќе го официјализираше трансферот на Френки де Јонг од Ајакс.

Се вчитува...