Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, вчера на прес – конференција најави дека изборот на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ ќе биде нелегитимен доколку не се усогласи статутот на федерацијата според Законот за спорт, но неговиот заменик Газменд Ристеми присуствуваше на Изборното собрание во Охрид и јавно истакна дека се е легитимно.
„Присуствував по покана на Фудбалската федерација на Македонија како заменик директор на Агенцијата за млади и спорт. Делегатите на Собранието на ФФМ го кажаа своето според гласовите, а претставниците на УЕФА и на ФИФА потенцираа дека статутот на федерацијата е усогласен според статутите на Светската и на Европската фудбалска организација. Можам да потврдам дека изборот на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ е апсолутно легитимен“, изјави Газменд Ристеми, заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА