Кит Го одигра фантастичен натпревар на домашен терен против Партизан Обршани, декласирајќи го противникот со 6-1 и на најдобар можен начин рехабилитирајќи се од изненадувачкиот пораз од Саса во минатото коло. Партизан прв поведе на оваа средба преку Ефтинџиоски, но со тоа само го налути фаворитот.
Кит-Го потоа целосно ја презеде иницијативата и постигна шест гола до крајот, Настевски го израмни резултатот, а потоа Бујчевски четири пати го матираше домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците се запиша Стоименов.
Лидерот Борец Велес славеше на гостувањето против Вардар Неготино со 0-3, трите погодоци постигнувајќи ги во второто полувреме од овој натпревар.
Брегалница славеше на мечот против Детонит со 4-2. Ристе Наумов ја отвори серијата, голови, стрелци за Брегалница беа уште и Трифуновски (два) и Велиновски, а погодоците за гостинскиот тим ги постигна Бобан Здравевски во последните пет минути од средбата.
Кожуф како гостин ја совлада Плачковица со 0-1 со голот што во 90. минута го постигна Димитар Иванов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА