Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде по победата над Бетис од 4-1, изјави дека треба да се сите среќни што живеат во ерата на Лионел Меси. Аргентинецот во победата над Бетис постигна три гола, што му беше 51. хет – трик во кариерата, а по фантастичниот трет гол цел стадион го поздрави со стоечки овации.
„Сите сме многу среќни што живееме во ерата на Меси. Видовме како реагираа навивачите на неговиот трет гол. Иако се навивачи на Бетис и голот ги направи тажни, нивните реакции покажаа каков мајстор е тоа“, изјави Валверде за шпанските медиуми.
Меси сезонава на 37 натпревари, има неверојатни 39 гола и 21 асистенција, носејќи ја Барселона во игра за освојување на сите трофеи. Во Ла лига „каталонците“ имаат сигурна предност од десет бода пред Атлетико Мадрид, во Лигата на шампионите во четвртфиналето ќе се сретнат со Манчесте Јунајтед, а во купот на кралот во финалето се големи фаворити против Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА