Ѕвезда на Манчестер Јунајтед пред преселба во Арсенал

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Антонио Валенсија би можел ова лето да премине во Арсенал, изјави неговиот татко кој е и негов менаџер. На крајот од сезоната на Валенсија му истекува договорот со Јунајтед, а неговиот менаџер потврди дека тој сигурно заминува од клубот.

Таткото на Валенсија наведе дека за неговите услуги се заинтересирани Арсенал, Вест Хем, Интер и еден клуб од Кина.

„Сигурно нема да остане во Манчестер. Тој сака промена, а и неговиот клуб не сака да му го продолжи договорот. Тоа значи дека ова е крај“, рече Луис Валенсија. 

Тој додаде, дека неговиот син сака да ја избере најдобрата опција, но пред се сака да потпише договор најмалку на две години.

„Не поради парите, туку поради мирот. Ми рече дека се надева дека ќе го ангажира клуб кој се бори за трофеи“, дополнува Луис Валенсија. 

Од таборот на Арсенал се заинтересирани за услугите на Валенсија, бидејќи нивниот прв десен бек Хектор Белерин од јануари е надвор од терените поради тешката повреда  на коленото.

Се вчитува...