Агенцијата за млади и спорт ја продолжува серијата обраќања поврзани со Фудбалската федерација на Македонија. Од АМС во соопштение велат дека директорот, Каевски на саботната прес конференција јасно ги изразил позициите кои ги има владиното тело во однос на работењето на ФФМ. Каевски вчера во изјава за Екипа.мк рече дека присуството на неговиот заменик на изборното собрание на ФФМ било личен став. Денеска во соопштението, АМС е уште поригорозна и го нарекува заменикот директор „лицето“.
Во продолжение соопштението од Агенцијата за малди и спорт.
Агенцијата за млади и спорт (АМС)поради последните настани поврзани со случувањата во Фудбалската федерација наМакедонија (ФФМ), ја информира јавноста за следново: Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во саботата (16.03.2019 година) на официјална прес-конференција во просториите на институцијата, го изнесе ставот на АМС дека ФФМ мора да го усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија и Собранието на федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за неапречена работа.
Каевски, тогаш додаде дека било какво одржување на Собранието спротивно на законот, истото го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја. Токму поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот кој беше изнесен од страна на Каевски токму на таа прес-конференција. Секој друг став изнесен во врска со случувањата околу ФФМ,особено од страна на лицето Гзменд Ристеми, претставува личен став, кој не е во согласност со ставот на Агенцијата за млади и спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА