Капитенот на Порто, Ектор Ерера, беше еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот за претстојниот летен преоден рок, сосема логично ако се знае дека одличниот играч за врска е достапен без никаква отштета, како слободен играч по истекот на договорот со португалскиот шампион.
Понуди испратија и Арсенал, Борусија Дортмунд, Интер и Милан, но Ерера на крајот сепак го избра Атлетико Мадрид за следна дестинација во својата кариера. Португалскиот весник „О Жого“ тврди дека одлуката е донесена и за истата веќе се известени и челниците на Порто, кои воопшто не испраќаат понуда последен момент за да го убедат Ерера да остане дел од овој клуб.
Мексиканецот ќе потпише петгодишен договор со тимот на Диего Симеоне, а платата ќе изнесува околу девет милиони евра, што е 50% повисока сума од она што му беше понудено за останување во Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА