Војдан Стојановски и Олденбург ја продолжија победничката серија во германскиот шампионат и изминатиот викенд, славејќи со убедливи 100-71 над Лудвигсбург.
Олденбург доминираше цел натпревар, а најдобриот потег без конкуренција беше дело на македонскиот капитен, откако Стојановски на крајот од првото полувреме ги крена на нозе сите присутни во салата, постигнувајќи тројка од сопствената половина со звукот на сирената.
Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со девет поени и пет скокови за 25 минути игра. Олденбург со овој триумф се зацврсти на второто место на табелата со скор 19-4, само две победи помалку од лидерот Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА