Тетекс и официјално го добива натпреварот од Втората лига Запад против Лабуништа со службен резултат, 0-3. „Текстилците“ поднесоа жалба за неправилен настап на домашниот тим, кој во стартниот тим не внесе играч под 19 години. Жалбата е уважена од Натпреварувачката комисија, мечот кој заврши без голови, сега ќе биде регистриран со службен резултат 0-3, а Лабуништа поради оваа грешка е предадена и на Дисциплинската комисија.
Можно е Лабуништа да добие и дополнителна казна за одземање на бодови (од 3 до 9), доколку Дисциплинската комисија утврди таква одговорност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА