Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано одлучи да се раздели со досегашниот тренер Мичел. Ова значи дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во наредните неколку денови ќе добие нов тренер во клубот. По седумте последовни порази, раководството на клубот одлучи да ја раскине соработката со Мичел.
Нови кандидати за тренерската позиција во Рајо Ваљекано се Пако Хемез, Зиганда и Веласкез. Тимот во моментот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Ла Лига со 23 бода и ќе води грчевита борба за опстанок во шпанската елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА