Да се запре Лионел Меси е ѓаволски тешка задача во која ретко кој успеал, но Крис Смолинг е убеден дека ќе го стори токму тоа кога Манчестер Јунајтед и Барселона ќе се сретнат во четврт-финалето од Лигата на шампионите. И не само тоа, Смолинг верува дека увидел слабост во играта на Меси што ќе ја искористи против суперѕвездата на Барса.
„Постои една слабост во играта на Меси за која само јас знам. Мислам дека остатокот од светот не е свесен за тој дел од неговата игра, така што нема да откривам детали до нашиот меѓусебен дуел“ – изјави Смолинг.
На потег е англискиот дефанзивец, зборовите да ги претвори во дела и навистина да го запре Меси, користејќи ја „слабоста на Аргентинецот за која само тој знае“.
Првиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона ќе се игра на 10 април на „Олд Трафорд“, а реваншот е закажан зза 16 април на “Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА