Ставрев ќе му суди на светскиот првак Франција, Кировски ќе слави јубилеј

Најдобриот македонски судија, интернационалецот Александар Ставрев, е делегиран да го суди мечот на светскиот шампион Франција на гостувањето во Кишињев против Молдавија во квалификациите за Европското првенство. Средбата ќе се одигра на 22 март. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадиновски, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

На овој натпревар Марјан Кировски ќе слави убав јубилеј, 100 отсудени натпревари на меѓународната сцена. За првпат беше судија на турнирот на млади фудбалери до 17 години во Португалија 2006 година на средбата меѓу Унгарија и Украина.

Ова е вторпат како Ставрев и суди на Франција. Пред две години во Тулуз го судеше мечот Франција – Луксембург (0-0) во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Од страна на УЕФА ангажирани се и Дејан Јакимовски како главен и Никола Караколев како помошен судија кои ќе судат на елитниот квалификационен турнир за Европското првенство за млади до 17 години што ќе се одржи од 20 до 26 март во Анталија. На турнирот ќе играат Турција, Италија, Романија и Австрија.

 

Се вчитува...