Џердан Шаќири поради повреда на препоните ќе ги пропушти првите два натпревари на Швајцарија во квалификациите за Европското првенство 2020. Тоа е голем удар за швајцарската репрезентација бидејќи Шаќири е еден од најважните играчи во ротацијата кај селекторот Владимир Петковиќ.
Офанзивецот има одлична сезона во Ливерпул во која досега постигна шест гола во Премиер лигата. Швајцарија првиот натпревар во квалификациите го игра на 23. март против Грузија, а три дена подоцна ја дочекуваат репрезентацијата на Данска. Во оваа квалфикациска група се уште и селекциите на Република Ирска и на Гибралтар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА