Враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид значи и обновување на старата желба на „кралскиот клуб“, кога на почетокот од летото мадридскиот клуб покажуваше сериозен интерес за Садио Мане. Сенегалецот одлично ја финишираше ланската сезона, Зидан сакаше да го види во своите редови, но воопшто не беше испратена официјална понуда откако францускиот стратег си поднесе оставка од тренерската функција.
Сепак, враќањето на Зизу назад на „Сантијаго Бернабеу“ ги активираше и старите желби за засилувања на трофејниот стратег, а покрај Еден Азар на врвот на овој список се наоѓа и Мане. Сенегалецот повторно игра во топ-форма во клучниот дел од сезоната, уште повеќе привлекувајќи го врз себе вниманието на најтрофејниот европски клуб.
Проблем за Реал сигурно ќе претставува фактот дека брзоногиот офанзивец неодамна потпиша нов долгогодишен договор со Ливерпул, но „кралевите“ се познати како клуб што не се откажува лесно, па сигурно ќе се обидат да го убедат Мане да инсистира на предвремено заминување од „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА