Пливачот од Хонгконг, Кенет То починал за време на еден тренинг на Флорида. Причината за смртта на 26-годишниот То се уште не е позната. То почина за време на тренинг со својата екипа на Универзитетот во Флорида.
Кенет То долги години настапуваше за Австралија, а за Хонгконг почна да настапува од 2016 година. Во својата кариера има освоено голем број на медали, а на Светското првенство во Барселона во 2013 година го освои среброто во штафетата четири пати по сто метри мешано. Претходно, во 2010 на Младинските олимписки игри во Сингапур, То освои вкупно шест медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА