Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет поднесе оставка поради корупција околу ЛОИ 2020

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунекацу Такеда, се повлекува од функцијата поради вмешаност во корупција во врска со добивањето на организација на игрите во Токио во 2020 година.

Такеда е предмет на истрага од страна на француските обвинители, кои се во потрага по докази за тврдењата дека тој исплатил два милиони евра за Токио да ја добие организацијата на ЛОИ 2020.

„Не направив ништо незаконски“ – изјави Такеда откако ја информираше јавноста во Јапонија дека нема повторно да се кандидира за местото претседател на ЈОК. 

Компанијата во која е извршена целата исплата е поврзана со синот на поранешниот светски шампион во атлетика Ламин Дијак, Папа Масата Дијак кој беше член на Меѓународниот олимписки комитет во периодот кога Токио ја доби организацијата на игрите во 2020.

Такеда настапи за Јапонија на олимписките игри во 1972 и 1976 година во коњички спортови, а функцијата претседател на ЈОК ја извршува од 2001 година.

Се вчитува...