Лука Јовиќ е изборот на раководството на Барселона за нов напаѓач за наредната сезона, како долгорочен наследник на Луис Суарез во таборот на каталонскиот гигант. Идејата на тренерот Валверде и на клупската управа е јасен – Јовиќ да ја мине наредната сезона крај Суарез и да се адаптира на стилот на игра на Барса, за потоа доколку ги оправда очекувањата да го понесе и товарот на прв напаѓач на актуелниот шпански првак.
Германските медиуми денеска откриваат дека челнциите на Ајнтрахт веќе ја објавиле и цената за својот најдобар фудбалер – 60 милиони евра. Бундеслигашот добро ќе заработи од овој трансфер ако се знае дека Ајнтрахт до крајот на сезонава може да ја активира клаузулата за да го откупи Јовиќ од Бенфика, а потоа да го продаде за тројно повисока сума.
Борбата на Барса нема да биде лесна ако се знае дека за Србинот се интересираат и Реал Мадрид, Интер, Баерн Минхен и неколку премиерлигаши, но во таборот на каталонскиот гигант се оптимисти дека ќе излезат како победници од оваа трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА