Шпанскиот шампион, Барселона е близу до договор со Ајакс околу трансферот на холандскиот дефанзивец Матијас Де Лигт, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. Каталонците се подготвени да платат 60 милиони евра за младиот фудбалер, што е понуда која од таборот на Ајакс најверојатно ќе ја прифатат, а целата работа би требало да биде завршена до крајот на месецот.
Според „Спорт“ 19 годишниот де Лигт во Барселона ќе премине на лето, каде ќе го очекува богат пет годишен договор.
Со овој трансфер каталонскиот клуб во ист трансфер период ќе потпише двајца фудбалери на Ајакс, откако неодамна го договорија и Френки де Јонг за 75 милиони евра. Од целата приказна може да бидат задоволни и од холандскиот клуб бидејќи за еден трансфер период од само двајца фудбалери ќе заработи 135 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА