Селекторот на репрезентацијата на Аргентина од 1978 година, Цезар Луис Меноти изјави дека е уплашен поради враќањето на Лионел Меси во репрезентацијата. Меноти кој на домашен терен ја водеше Аргентина до освојување на титулата на Светското првенство, ја коментираше сезоната и враќањето на Меси во репрезентацијата.
„Се плашам поради тоа што Меси ќе игра за репрезентацијата. Гледам дека е емотивно испразнет во натпреварите од Лигата на шампионите, ми изгледа како да е уморен. Ако сака да игра за Аргентина, тоа е добро, но ми делува навистина уморен“, изјави Меноти.
Меси игра во неверојатна форма во дресот на Барселона сезонава, но за репрезентацијата на Аргентина нема играно од Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА