Организаторите на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, го претставија олимпискиот факел, која на врвот има облик на „сакура“ што на јапонски значи цвет од цреша. Висината на факелот изнесува 71 сантиметар, а тежок е 1,2 килограми.
Розевиот факел кој е позлатен е изработен од алуминиумски остатоци од конструкциите на привремената населба која беше изградена по повод страшниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Јапонија во март 2011.
„Инспирација ми беа цртежите на расцветани цреши на децата од регионот кој беше погоден од земјотресот“, изјави авторот на факелот Токујин Јошиока.
Олимпискиот пламен во Токио ќе пристигне од Грција за точно една година. Службеното заминување на пат низ Јапонија кој ќе трае 121 ден, е предвиден за 26 март, од Фукушима. Олимписките игри во Токио ќе започнат на 24 јули и ќе траат до 9 август 2020 година.
The design of the #Tokyo2020 Olympic Torch has been unveiled! The torch bears the motif of a cherry blossom, Japan’s best-loved flower, and will begin its journey across the country with the arrival of the cherry blossom season in March 2020. ? #TorchRelay @OlympicFlame pic.twitter.com/xfPn6MQz8S
— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) March 20, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА