Манчестер Сити е пред потпис со Саул Нигез

Саул Нигез е подготвен да си замине од Атлетико Мадрид и својата кариера да ја продолжи во дресот на Манчестер Сити. Ова го тврди ЕСПН повикувајќи се на извори од раководството нa „граѓаните“, но и до лица блиски до самиот фудбалер.

„Саул веќе знае дека не може да остане во Атлетико. Работата се искомпликува и мора да си замине, а Манчестер Сити е во предност“ – открива извор на „ЕСПН“.

Конкретно, проблемот настанал откако Антоан Гризман минатото лето потпиша нов мегадоговор со Атлетико, со кој францускиот голгетер стигна до најмалку двојно поголема плата во однос на останатите фудбалери на мадридскиот клуб. Саул Нигез и Диего Коста биле фудбалерите кои најгласно протестирале на оваа тема, во меѓувреме односите со Гризман, но и со тренерот Симеоне уште повеќе се заладиле, па сега и двајцата повеќе време минуваат на клупата за резерви отколку на теренот.

Нигез е решен да си замине, а и управата на Атлетико Мадрид би дала зелено светло за трансфер доколку добие интересна понуда. Пеп Гвардиола во Саул гледа идеален долгорочен наследник на Фернандињо и веќе подготвил 80 милиони евра за да го доведе шпанскиот репрезентативец меѓу „граѓаните“, но се очекува Атлетико да бара барем 20 милиони повеќе за да го продаде Нигез во претстојниот преоден рок.

Се вчитува...