Столе Димитриевски од денеска има нов тренер откако Пако Хемез беше именуван за шеф на стручниот штаб на Рајо Валјекано.
Тренерот Мичел доби отказ по последниот пораз од Вилјареал, со кој уште повеќе се намалија шансите за опстанок во елитното друштво. Уште од самото заминување на Мичел прв избор беше Хемез, кој е најуспешен тренер во историјата на Рајо.
Тој седеше на клупата на овој клуб во периодот од 2012 до 2016 година, а освоеното осмо место во Примера во 2013 година е најдобар пласман во историјата на Рајо. Во 2016 година тимот испадна од „Ла Лига“, по што Хемез си замина од кормилото на Рајо Валјекано.
Негов последен ангажман беше на клупата на Лас Палмас, а претходно мина една година и во Мексико, на чело на Круз Азул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА