Кошаркарите на Кожув го доживеаја деветтиот пораз во БИБЛ, откако на домашен терен загубија од бугарскиот тим Академик бултекс со 86-91. Тимот на Алек Јончевски лошо го стартуваше мечот, ја загуби првата четвртина со 20-29 и тоа на крајот беше решавачки фактор за поразот.
На полувреме гевгеличани имаа негатива од девет поени (41-50), па иако делумно се вратија во третиот период и намалија само на еден поен (61-62), сепак, на крајот немаа сили за целосен пресврт.
Игор Кесар со 22 поени беше најефикасен во составот на Кожув, а Девонта Вилијамс уфрли 17. Во победничкиот состав на Академик, Трој Френклин џуниор беше стрелец на 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА