Младиот германски автомобилист Мик Шумахер, вели дека нема ништо против да го споредуваат со неговиот татко, седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер. 19-Годишниот Мик моментално се подготвува за деби во Формула 2 шампионатот, а првата трка ќе ја има во Бахраин која ќе се вози на крајот на месец март.
„Споредбите со татко ми не ми претставуваат проблем. Споредбата со најдобриот возач во историјата на Формула 1 е цел која сакате да ја достигнете, така што фактот што тој ми е и идол и татко ме прави да се чувствувам посебно“, изјави Шумахер јуниор.
Германецот во Формула 2 шампионатот ќе вози за тимот на Према, чии бои ги бранеше Шарл Леклер кога пред две години ја освои титулата во шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА