Мауро Икарди од денеска се врати на тренинзите на Интер, но „сагата“ околу иднината на аргентинскиот ас дефинитивно ќе продолжи и во наредниот период. Впрочем, најдобар доказ за тоа се денешните информации кои доаѓаат од Шпанија, според кои Ванда Нара на истиот ден на враќањето на тренинзи на својот сопруг во Милано решила да отпатува во Мадрид.
Причината е „бизнис“, поточно кажано преговори со Реал Мадрид за летен трансфер на Икарди на „Сантијаго Бернабеу“. Зидан ќе бара нов напаѓач, а Ванда се надева дека ќе ги убеди „кралевите“ да го изберат токму Икарди, во ситуација кога е и повеќе од јасно дека Аргентинецот ќе си замине од „Џузепе Меаца“. Големиот конфликт со управата придонесе и неговата вредност на пазарот да опадне, па Реал ќе може да го откупи Икарди за околу 70 милиони евра.
Оваа сума би можела дополнително да се намали доколку се реализираат најавите дека Интер ќе бара во понудата да биде вклучен и Матео Ковачиќ, играч на кого „кралевите“ не сметаат, а не може да остане во Челси поради забраната за летни трансфери на лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА