Јане е вистинска амајлија за Мрме и македонската селекција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Согласно очекувањата, согласно посакувањата македонската репрезентација ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2020.

Убава атмосфера на „Филип Втори“ иако со посета далеку под посакувањата, натпревар во знакот и на јубилејот на Горан Пандев, меч заокружен и со блесокот на идната ѕвезда на националниот тим, Елиф Елмас. Сето тоа како целина дополнето и со сите присутни поранешни македонски репрезентативци на трибините, но и најголемиот поддржувач на националниот тим, таличниот Јане Велковски кој е веќе вистинска амајлија за селекторот Игор Ангеловски и македонската репрезентација…

 

Се вчитува...