Не можеше да ја сокрие 19-годишниот Елиф Елмас огромната возбуда по неговата најдобра партија во репрезентативниот дрес. Не можеше да ги запре за момент и солзите радосници по прекрасниот погодок со која ја запечати победата на Македонија, како што рече, посветена на капитенот Горан Пандев и неговиот јубилеен 100-ти репрезентативен натпревар.
„Пресреќен бев по вториот гол и затоа на тој начин и неговата прослава. Навистина сум пресреќен кога играм за Македонија. Сигурен сум дека тоа го забележуваат и сите навивачи. Ова беше вечер која никогаш нема да ја заборавам“ – истакна Елмас по мечот.
Во игра влезе во 23. минута, како замена по повредата на Ферхан Хасани, и го одбележа триумфот од 3-1 против Летонците. Дефинитивно, ноќ полна емоции за најголемиот македонски фудбалски талент…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА