ПСЖ „краде“ ас на Манчестер Јунајтед

Андер Ерера е на чекор до трансфер во ПСЖ, и тоа како слободен играч на крајот од оваа сезона. Информацијата ја пренесоа неколку англиски медиуми кои тврдат дека Шпанецот намерно одолговлекува во преговорите за нов договор со Манчестер Јунајтед откако „светците“ од Париз се вклучиле во трката за негов ангажман. Уште пред извесно време се најавуваше дека Ерера е пред потпис на нов тригодишен договор со „ѓаволите“, но ситуацијата се промени откако агентот на Шпанецот беше контактиран од раководството на ПСЖ.

Понудата изнесува 180.000 евра неделна плата за наредните четири сезони, плус богати премии за секој освоен трофеј, по што сега ПСЖ е многу посериозна опција за продолжување на кариерата отколку Јунајтед, чија понуда изнесувала 130.000 евра неделна плата во следните три години.

„Светците“ во следниот преоден рок ќе стават акцент на засилување на средниот ред, а Ерера би бил одлично засилување, уште повеќе доколку пристигне без никаква отштета од Англија.

Се вчитува...