Варан: Не сакам јавно да зборувам за иднината

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан не сака јавно да зборува за потенцијалното заминување од „кралскиот клуб“. Медиумите во последно време пишуваат за желбата на Французинот да го напушти тимот од главниот град на Шпанија.

„Не сакам да зборувам за моите планови. Не сум еден од оние кои за својата иднина ќе говорат јавно“, изјави Варан. 

На неговата одлука не успеал да влијае ниту Зинедин Зидан кој неодамна се врати на клупата на „кралевите“. Реал Мадрид е елиминиран од Лигата на шампионите и Копа дел Реј, а во Ла лига заостанува дванаесет бода зад првопласираната Барселона.

Се вчитува...