Тужба против шпанскиот клуб: Чиј е лилјакот? На Бетмен или на Валенсија?

Компанијата „DC comics“ покрена нова тужба против Валенсија, поради недозволено користење на лого. Во прашање повторно е лилјакот, чиј дизајн потсетува на тој кој е во сопственост на главниот стрип, и филмски, херој, Бетмен.

Претходниот спор меѓу двете страни резултираше со спогодбен договор до 2020 година во кој двете страни ќе го задржат својот дизајн. Адвокатската фирма која ја претставува Валенсија, изјави дека двете страни сакаат договорот да продолжи, но се чини така не размислуваат од „DC comics“. Тие поднеле тужба поради логото за прослава на 100 години на клубот од „Местаља“, кое многу потсетува на логото на Бетмен.

Тужбата е поднесена во канцеларијата за заштита на интелектуалната сопственост при Европската унија, а доколку двете страни во меѓувреме не постигнат договор, канцеларијата ќе го преземе случајот.

 

Се вчитува...