Женската ракометна репрезентација на Македонија минимално загуби од Црна Гора со 21-22 (13-13) во првиот пријателски натпревар во рамките од ЕХФ неделата.
Избраничките на Симе Симовски одиграа квалитетен дуел во салата „Автокоманда“ во Скопје, но во финишот од средбата не успеаја да зачуваат реми против реномираниот противник. Репрезентацијата на Црна Гора успеа да дојде до победата со гол на 10 секунди пред крајот со погодокот на Јелена Деспотовиќ.
За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со 7 погодоци, додека кај Црна Гора најефикасна беше Деспотовиќ со 9 погодоци.
Претходно и женската младинска селекција на Македонија загуби од врсничките од Црна Гора со 18-24 (8-12).
Македонија и Црна Гора, утре од 12 часот, исто така во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА