Македонските репрезентативци претпладнево го одработија официјалниот тренинг во очекување на утрешниот втор квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020 против Словенија.
Селекторот Игор Ангеловски одработи повеќе рутински тренинг, со финална тактичка подготовка, колку и репрезентативци да го почувствуваат теренот на стадионот „Стожице“ во Љубљана каде утре од 20:45 часот се игра натпреварот против Словенците.
Позитивно е што сите репрезентативци се максимално подготвени за натпревар без дополнително пријавени проблеми со повреди, со исклучок на Ферхан Хасани кој и воопшто не отпатува за Словенија по повредата заработена на натпреварот со Летонија во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА