Очекувано некако во фокусот на хрватските медиуми по натпреварот меѓу ППД Загреб и Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите беше хрватскиот репрезентативец од црвено-црните редови, Иван Чупиќ.
Чупиќ потенцираше дека никој и во вардаровиот табор не очекувал вака лесна и убедлива победа (18-27) која во голема мера значи пат во четвртфиналето, но секако се среќни од начинот на кој се одигра мечот. А, крилото на „вардарци“ затекнат и од едно интересно прашање на хрватскиот новинар: „Може ли да ми кажеш со што во Скопје го храните Кристопанс?“
„Со што го храниме? Со ајвар, со ајвар… а и со малку печурки за уште повеќе да расте“ – низ смеа одговори Чупиќ, веднаш дополнувајќи:
„Да, може да кажеме дека тој оваа сезона е навистина моторот на екипата. Едноставно ако не му оди на тимот ја додавеме топката до Кристопанс и знаеме дека ќе погоди. Одличен е и во нападот и во одбраната. Само да ни остане здрав до крајот на сезоната, игра во одлична форма“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА