На Барселона и се брза, сака да го договори Лука Јовиќ

Барселона бил заинтересирана да го договори трансферот на српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ во најкратко можно време и според пишувањата на каталонскиот Спорт веќе в понеделник ќе има состанок со менаџерот на играчот на Ајнтрахт.

Наводно Барселона сака да биде побрза од конкурентите, во прв ред Баерн Минхен и Пари Сен Жермен кои исто така се заинтерсирани за Србинот.

Јовиќ и натаму е играч на Бенфика на позајмица во Ајнтрахт, а германскиот тим има право да го откупи за 5,7 милиони евра. Ако се случи тоа ниту еден клуб нема да може да го купи за помалку од 50 милиони евра, вклучувајќи ја и Барселона.

Српскиот голгетер сезонава има постигнато 22 гола на 36 натпревари, 15 од нив во Бундеслигата, а седум во Европа лигата.

 

 

 

 

Се вчитува...